Црна хроника
Гостиварец со секира ги уби мајката и сестрата
Две гостиварки, мајка и ќерка се убиени ноќта кон понеделникот во нивниот дом, а за двојното убиство, осомничен е 43-годишниот Владимир Ц., кој бил приведен набрзо по несреќата.
Според првичните сознанија на полицијата, Владимир, околу 22 часот, со секира ги нападнал својата мајка 71-годишната Димитрула и неговата 46-годишна сестра Славица во куќата на улицата „Илинденска“ во Гостивар.
Случајот во полиција го пријавил сосед, кој слушнал повик за помагање и викотници. Според првичните и неофицијални информации, во семејството, подолго време постоеле недоразбирања, а можно како причина да е психичката растроеност на Владимир.
Полицијата, истражен судија и јавен обвинител до доцна во ноќта, вршеа увид и ги утврдуваа околностите кои довеле до семејната трагедија./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се степале за паркинг во Петровец, па му се заканил со огнено оружје
Вчера во СВР Скопје, И.К.(41) од с.Петровец, скопско пријавил дека околу 18:00 часот во с.Петровец, скопско, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, Д.Д. се обидел физички да го нападне.
Потоа му упатил закани со огнено оружје.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: депозитфотос
Црна хроника
Насилство во Тетовско: нападната 19-годишна девојка
СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.А.(28), С.А.(30), Е.А.(23), Г.А.(44) и А.А.(19), сите од с.Желино, тетовско.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „насилство“.
Имено, според полицијата на 26.09.2025 во с.Желино, по претходна расправија, пријавените физички нападнале 19-годишна девојка од истото село.
Црна хроника
Загина 48-годишен возач: со возилото излетал од патот Кочани – Виница
Вчера во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

