Црна хроника
Во семејна кавга сопругата починалa од срцев удар
Шеесетгодишната Мубие Д. од Штип во неделата починала како последица од срцев удар по семејна расправија, меѓу нејзиниот сопруг и синовите.
Според штипската полиција, во семејната куќа во неделата навечер околу 19 часот 57-годишниот сопруг Ремзи Д. започнал расправија со двата сина, 28-годишниот Ѓ.Д. и 35-годишниот Т.Д.
За време на расправијата во еден момент настанала и физичка пресметка меѓу таткото и едниот од синовите, по што синот паднал на земја и си ги повредил нозете.
На мајката која била потресена од семејните случувања и се слошило, но на пат кон болница, починала како последица од срцев удар. Смртта била констатирана од страна на лекар, а нејзиното тело му било предадено на семејството за погреб./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се степале за паркинг во Петровец, па му се заканил со огнено оружје
Вчера во СВР Скопје, И.К.(41) од с.Петровец, скопско пријавил дека околу 18:00 часот во с.Петровец, скопско, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, Д.Д. се обидел физички да го нападне.
Потоа му упатил закани со огнено оружје.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: депозитфотос
Црна хроника
Насилство во Тетовско: нападната 19-годишна девојка
СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.А.(28), С.А.(30), Е.А.(23), Г.А.(44) и А.А.(19), сите од с.Желино, тетовско.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „насилство“.
Имено, според полицијата на 26.09.2025 во с.Желино, по претходна расправија, пријавените физички нападнале 19-годишна девојка од истото село.
Црна хроника
Загина 48-годишен возач: со возилото излетал од патот Кочани – Виница
Вчера во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

