Црна хроника
Директор на училиште го продавал инвентарот и си ги земал парите
Поранешен директор во основното училиште „Климент Охридски“ во Делчево го продавал стартиот инвентар во училиштето и си ги земал парите за себе. Против директорот ќе биде поднесена кривична пријава за „несовесно работење во службата“.
Од 2009 до 2012 година, директорот го продал стариот инвентар на училиштето, фрижидер, електричен алат, столчиња, маси, а парите ги ставал в џеб.
Потоа без одлука на Комисијата за јавни набавки набавил нов инвентар и вршел поправка на грејни тела. Исто така, без одобрение од Министерството за образование ја вработил и неговата сопруга во училиштето.
Го оштетил училишетото за износ од 1.548.030 денари./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Штипјанец запалил оган пред домот и го оставил да гори – пожарот ја зафатил неговата куќа и се проширил и кај соседите
Полицијата во Штип поднесе кривична пријава против 43-годишниот М.Е. (43) од овој град поради сомнеж за предизвикување на општа опасност.
Според пријавата, на 24 септември 2025 година во селото Љуботен, штипско, тој запалил оган во дворот на семејната куќа и си заминал без да го локализира.
Подоцна огнот повторно се активирал и зафатил две соби од подрумскиот дел на неговата куќа, како и делови од две соседни куќи, гаража и околу пет хектари нискостеблеста вегетација, шума и сува трева.
Црна хроника
Маж од Пехчево пријавен за насилство, нападнал жена со стаклен предмет и оштетил кров од куќа
Полицијата поднела кривична пријава против Ќ.Д. (29) од Пехчево поради сомнение за кривично дело „насилство“.
Според пријавата, на 19 февруари 2025 година осомничениот најпрво оштетил кров на куќа, а потоа во дворот физички ја нападнал Т.Д., при што употребил стаклен предмет.
Црна хроника
Притвор за малолетникот од Охрид кој силуваше 12-годишно девојче
Судот му определи 30-дневен притвор на 16-годишникот од Охрид кој силуваше 12-годишно девојче.
СВР Охрид поднесе известување до Основното јавно обвинителство Охрид за 16- годишник од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад и силување“, како и за 14- годишник од Охрид за сторено кривично дело „уцена“.
На првопријавениот од страна на надлежен судија му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена откако, претходно полициски службеници од СВР Охрид го пронајдоа и го лишија од слобода.
Тој на 12.11.2025 извршил обљуба врз 12- годишно девојче од Охрид, додека друг малолетник снимал. Второпријавениот, откако го добил снименото видео, на 20.11.2025 ја уценувал малолетничката да имаат сексуален однос, а доколку одбие и рекол дека ќе го објави видеото.
Врз малолетничката е извршен медицински преглед, а полициски службеници и претставници на Центарот за социјални работи Охрид, во присуство на родител, со неа како и со двете пријавени лица, извршија службени разговори, по што е поднесено известување до надлежното обвинителство.

