Црна хроника
Прилепчанец продал малолетно девојче во Белгија
Прилепчанец продал малолетно девојче во Белгија за 5.000 евра, оти нејзиното семејство немало да му даде пари за транпортот во Белгија, кадешто им ветувал дека ќе им дадат азил.
Педесет и четиригодишниот измамник врбувал четиричлено семејство кое живеело во сиромаштија во Прилеп и им ветувал дека ќе ги пренесе во Белгија, кадешто ќе добијат азил, а парите требало да му ги вратат на рати кога ќе се стекнат со статус на азиланти и кога ќе почнат да им исплаќаат пари.
Семејството заедно со организаторот три пати биле враќани од пограничните органи и не им бил дозволен излез од Македонија.
Затоа измамникот преку туристичка агенција од Прилеп обезбедил ваучери за хотелско сместување во Будимпешта и во април годинава, го однел семејството во Будимпешта, а потоа ги сместил кај свои роднини во Белгија.
Но, наредниот ден, организаторот им побарал пари за транспортот во Белгија и им се заканил дека ако не му дадат пари ќе ја омажи нивната малолетна ќерка.
Бидејќи родителите немале пари да му дадат, тој насилно го зел девојчето и го омажил за непознато лице, на возраст од 16, 17 години за што семејството на момчето му платило 5.000 евра.
Девојчето го продал, а на семејството му организрал транспорт со автобус од Белгија за Германија, Дортмунд, каде ги чекало непознато лице кое требало да ги однесе до местото каде требало да бараат азил.
Во Германија како баратели на азил семејството останало се до 3 август. Адвокат од Германија ги советувал дека во врска со случајот со нивната ќерка ќе биде подобро да се вратат во Македонија и да побараат помош од институциите на матичната држава.
Тие се вратиле во Македонија и го пријавиле случајот, измамникот е фатен и одреден му е притвор во траење од 30 дена.
Завчера бил приведен уште еден скопјанец под сомнение дека криумчарел мигранти. Тој бил фатен како од село Оризаре кон село Белановце превезува патници од ромска националност, кои сакале да бараат азил во западноевропските земји.
Тој и претходно превезувал потенцијални азиланти во Косово за 250 евра од човек.
Секогаш ја користел истата маршута, односно илегално излегувал од Македонија кон Косово ги носел “азилантите“ до автобуска станица во Гнилане, од каде тие со автобус заминуваат за Бујановац Србија, а тој се враќал по истиот пат за Македонија и истиот ден остваруваал легален излез на граничниот премин Табановце и во Бујановац на автобуска станица ги чекал истите патници и заминувале за Франција. По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави./крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

