Црна хроника
Бошњаковски: Се' што праваев, правев од љубов кон внуката
„Се’ што сум правел, сум правел како резултат на љубовта, кон мојата внука Александра“, рече пред судот пензионираниот врховен судија Александар Бошњаковски. Тој пред судот одговара за грабнување на внуката Александра, која од својата мајка беше разделена два години.
Бошњаковски индиректно ги призна наводите од обвинението кои му се ставаат на товар и му се извини на своето семејство, кое како што рече од почит кон него ги следело неговите постапки. Неговата здравствена состојба е лоша, и како што кажа, како резултат на преживеаниот мозочен удар не можел да ги согледа последиците од дејствијата што ги превземал. Неговиот син Стефан, таткото на малолетната Александра се бранеше со молчење и рече дека не знаел што правел неговиот татко, додека бабата на девојчето Снежана пред судот рече дека доколку направила некаква грешка ја направила поради силните емоции кои ги чувствувала кон својата внука. Таа рече дека понатаму ќе ги почитува сите одлуки кои што ќе ги донесе судот, со оглед на тоа што девојчето иако е сега заедно со својата мајка ќе можност да има средби и со таткото Стефан. Дедото Бошњаковски не се изјасни дали ќе ги почитува судските одлуки, туку рече дека ќе ги користи сите законски прописи.Се очекува попладнево пред судот да сведочи мајката на девојчето. крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Повреден возач по судир на две товарни возила на автопатот Скопје-Тетово
СВР Тетово информира дека во 10:05 часот била пријавена сообраќајна незгода на автопатот Скопје-Тетово.
На околу 500 метри после клучка Желино се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „Ивеко” со скопски регистерски ознаки сопственост на „Македонија пат” управувано од Ј.С.(54) од с.Рогле, тетовско и товарно возило ,,Мерцедес” со скопски регистарски ознаки управувано од Н.С.(51) од Скопје.
– Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот Ј.С. констатирани во Клиничка болница Тетово, информира СВР Тетово.
Увид на лице место е извршен екипа од СВР Тетово.
Црна хроника
Се преврте камион кај Желино
Тешка сообраќајна незгода се случи пред малку на автопатот Скопје – Тетово. Според првичните информации, камион се превртел веднаш по наплатната рампа кај Желино, што предизвика значителен застој во сообраќајот.
Блокирани се првите две ленти, а возилата се пропуштаат само по третата лента.
Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ја прилагодат брзината на условите на патот, да држат соодветно растојание и да бидат исклучително внимателни додека поминуваат на овој потег додека трае увидот и расчистувањето на теренот.
Топ
Маж и жена, државјани на Македонија загинаа на автопатот Белград – Ниш
Двајца државјани на Македонија, маж и жена од албанско потекло, загинаа рано утринава во тешка сообраќајна несреќа што се случи на автопатот Белград – Ниш, кај клучката Умчари, пишува српски „Курир“.
Несреќата се случила кога патничко возило „сеат“, со германски регистарски таблички, излетало од патот. Според неофицијални информации, возачот изгубил контрола над возилото, удрил во заштитната ограда и сообраќаен знак, по што автомобилот завршил надвор од коловозот.
Надлежните органи продолжуваат со истрагата за целосно утврдување на околностите под кои се случила несреќата.

