Црна хроника
Малолетници крвнички се тепаа во Охрид

Пет малолетници се инволвирани во брутална тепачка којашто се случила доцна вечерта во саботата во Охрид на улицата „Славеј Планина“, по вербална расправија, соопшти во неделата охридската полиција.
Во тепачката учествувале лицата од една трана 16-годишник и уште еден 14 годишен малолетник, а од другата 16, 17 и 18-годишник, сите од Охрид.
Малолетниците по кавгата започнале да си разменуваат крвнички удари со рацете по главите и телата, од кои со најтешко минал еден од 16-годишниците кому му е укажана лекарска помош во Медицински центар Охрид каде е задржан на лекување. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Одземени возила што биле користени во „диви“ трки во Скопје

На 17.03.2025 од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје привремено се одземени четири патнички моторни возила: „мерцедес“, „ауди“, „шевролет“ и „ форд мустанг“ поради учество во т.н. „диви“ трки на бул. „Трета Македонска бригада“ во Скопје.
По дополнително преземени мерки и извршени проверки во станица за технички преглед, две од овие возила се времено одземени по член 344 став 3 од Законот за безбедност на патниот сообраќај во времетраење од 90 дена, односно затоа што создавале голема бучава.
Исто така, против двајца возачи на другите две патнички моторни возила поднесени се прекршочни платни налози за техничка исправност и вградени фолии, соопшти полицијата.
Црна хроника
Пронајдени речиси 10.000 пиротехнички средства на Бит-пазар, лишено од слобода едно лице

Полициски службеници од СВР Скопје на подрачје на Бит Пазар го лишија од слобода Б.Д. (53) од Скопје.
При постапување по претходно изготвен план, на импровизирана тезга на Бит Пазар, пронајдени и одземени се околу 10.000 парчиња разновидни пиротехнички средства, наменети за продажба.
По консултација со надлежен јавен обвинител, лицето е задржано за понатамошна постапка и по комплетирање на целокупната документација ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје.
Црна хроника
Kривична за струмичанец поради обидот за убиство во Ново Село

Струмичката полиција поднесе кривична пријава за М.М.(47) од струмичко село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ во обид, по член 123, во врска со член 19 од Кривичниот законик.
На 13.02.2025 во угостителски објект во с.Ново Село, пријавениот со остар предмет го нападнал Ѓ.Д. и му нанел повреди.