Контакт

Црна хроника

Уапсените во „Шпион“ оддавале информации и на екс политичари за безбедносната и политичката состојба

Објавено пред

Дел од лицата кои беа уапсени синоќа и утрово во големата полициска акција „Шпион“, освен што оддавале класифицирани информации и државни тајни на странски разузнавачки служби, се осомничени дека им давале информации за политичката и безбедносната состојба во Македонија и на поранешни политичари.

dobivaj vesti na viber

„Освен на странските служби, лицата имале контакт и со поранешни високи функционери, политичари од врвот, така што им давале информации за општата безбедност но и политичка состојба во Македонија“ изјави помошникот министер во МВР, Иво Котевски.

Уапсените биле предмет на обработка изминативе две години, а МВР ги сомничи дека оддавале класифицирани документи, државни тајни и други информации кои лицата ниту смееле да ги имаат, ниту смееле да ги споделуваат со странските безбедносни служби.

Освен за шпионажа дел од лицата се товарат и за уцена и измама и се сомничат дека изминатите неколку години обезбедувале информации за лица од јавниот живот или пак бизнис заедницата со кои би можеле да нанесат штета на нивниот углед.

Ги уценувале дека ако не им дадат пари, податоците кои ги имале за нив ќе ги објават на интернет сајтови или пак во медиумите кои ги контролирале дел од членовите на злостроничкото здружение.

Уапсени се вкупно 17 лица, по три лица сé уште се трага, а две лица кои се осомничени за овие дела, веќе издржуваат казна затвор за други кривични дела.

Меѓу осомничените по кои се трага е и новинарот Зоран Божиновски, кој е сопственик на интернет весникот „Буревесник“, додека веќе во затвор е Марјан Ефремов, братот на обвинителот Ивица Ефремов којшто беше уапсен во полициската акција „Ликвидација“. Марјан работел во Агенцијата за разузнавање, а беше приведен откако кај него беше пронајдено големо количество на оружје.

Голем дел од уапсените се и актуелни функционери, вработени во безбедносните органи на Македонија. Двајца се вработени во Агенцијата за разузнавање, двајца се вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање, четворица се поранешни вработени во Министерството за внатрешни работи, двајца се моментално вработени и еден е поранешен вработен во Министерството за одбрана, три лица се сопственици на приватни фирми, еден е вработен во Собрание , еден вработен во Државниот архив и поранешен директор на управата за финансиско разузнавање.

Неофицијално се потврдуваат имињата објавени на интернет порталите меѓу кои се и шефот на кабинетот на собранискиот спикер, Маријан Маџовски, поранешниот директор на Агенцијата против перење пари, Ване Цветанов, поранешниот полициски генерал Горан Стојков, Александар Динески од УБК, режисерот и продуцент на „Контрабанда“ што ја подготвува емисијата „Еднооки“ Борис Дамовски.

Сите уапсени се на распит во полициска станица и против нив сé уште не е поднесена кривична пријава.

При претресот во домовите на уапсените најдени е обемна документација којашто содржела класифицирани информации.

„Обезбедени се поголем број на компјутери односно 27 лап топи, деск топ компјутери, обемна документација, досиеја кои содржат класифицирани информации, 32 мобилни телефони, усб стикови, мемориски картички, 16 парчиња огнено оружје, детектор за техника“ изјави Котевски.

Ваков случај на шпионажа за странски безбедносни служби е прв во Македонија, но и во регионот./крај/фф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир

Објавено пред

Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.

dobivaj vesti na viber

Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.

Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.

Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.

Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува

Објавено пред

На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.

dobivaj vesti na viber

Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена

Објавено пред

На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.

dobivaj vesti na viber

Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Цвета Ристовска поднесе оставка од Антикорупциската комисија: „Никогаш немав намера да прикријам информација“

Членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поднесе неотповиклива оставка од функцијата, која ја доставила до...

Топ10 часа

Суспендирана полицајка од Кочани: се сомничи дека насилно внела колешка во возило и не ѝ дозволила да излезе

МВР поднесе кривична пријава против припадничка на полицијата од Кочани, поради сомнение за кривично дело „противправно лишување од слобода“, предвидено...

Македонија10 часа

Манасиевски: Обвинителката Кадриу сведочи дека Филипче немал ниту елаборат за струја за модуларната болница во Тетово

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изјави дека, според сведоштвото на поранешната обвинителка Лејла Кадриу,...

Македонија11 часа

Мицкоски во Германија: Разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава

Денеска во Минхен остварив работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови...

Македонија12 часа

(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски

Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало...

Македонија12 часа

По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет

Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот...

Регион13 часа

(Видео) Страшна сообраќајна несреќа во Сараево: 23-годишник загина кога го удри трамвај на станица

Окружното обвинителство на Сараево денес ја продолжи истрагата за околностите околу тешката сообраќајна несреќа што се случи претходниот ден кога...

Македонија14 часа

„Филипче ја составил документацијата за модуларната болница во Тетово без елаборат за електрична енергија, кој ќе сноси одговорност за техничките пропусти поради кои загинаа 14 луѓе“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Поранешниот министер за здравство Венко Филипче, бил директно инволвиран во процесот на изработка на техничката документација за модуларната болница во...

Македонија14 часа

Поголем пристап до американскиот пазар, Македонија и САД усогласија рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, соопшти МНР

Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави усогласија Заедничка изјава и Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија,...

Свет14 часа

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

Високиот функционер на Пентагон, Елбриџ Колби, им порача на европските министри за одбрана во Брисел дека мора да ги зајакнат...

Свет14 часа

Рубио во пресрет на Минхенската конференција: Стариот свет повеќе не постои, време е да се стави крај на војната во Украина

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Соединетите Американски Држави интензивно работат на завршување на конфликтот во Украина, нагласувајќи...

Европа15 часа

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени...

Свет15 часа

Трамп сè уште одбива да се извини за видеото на кое Обама и неговата сопруга се прикажани како мајмуни

Доналд Трамп продолжи да ги игнорира широко распространетите критики за расистичкото видео објавено на неговиот профил на социјалните мрежи минатата...

Свет15 часа

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...

Европа15 часа

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија...

Регион1 ден

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија1 ден

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет1 ден

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија1 ден

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија1 ден

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...