Црна хроника
Ограбена црквата „Св. Богородица“ во Дренак
Позлатен крст и 2.000 денари се украдени од црква во струшко Дренак, соопшти МВР.
Во четвртокот, во полициската станица во Струга е пријавено дека во периодот од 10.09. до 18.09.2013 година, непознат сторител откако насилно ја отворил главната метална врата од црквата „Св.Богородица“ во село Дренок-струшко, влегол внатре и одзел околу 2.000 денари и еден крст метален-позлатен.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Гостиварец нападнал малолетник во училиштен двор, поднесена кривична пријава
Надворешната канцеларија за криминалистички работи во Гостивар поднесе кривична пријава против 43-годишниот Л.Џ. од градот, поради постоење сомнежи за „насилство врз дете“.
Според податоците од истрагата, инцидентот се случил на 25 декември 2025 година, во двор од основно училиште во гостиварско, по претходно нарушување на јавниот ред и мир помеѓу малолетници, во кое учествувал синот на пријавениот.
По настанот, Л.Џ. физички нападнал друг малолетник, информираат од полицијата.

