Црна хроника
319 казни за неносење на заштитни маски

Во текот на изминатото деноноќие, по однос на мерката за носење заштитна маска како превенција од коронавирусот, регистрирани се 319 прекршоци, информираат од МВР.
Министерството воедно апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведен криминалец од тетовско баран со потерница

Синоќа во Тетово е приведен 61-годишен жител на село Пирок, кој се барал со потерница за издржување казна затвор во траење од една година.
„ На 06.03.2021 во 20 часот во Тетово полициски службеници од ПС Тетово го приведоа Н.Ш. (61) од с. Пирок кој се барал со потерница за издржување на казна затвор во траење од една.година за кривично дело по член 396 од КЗ на РСМ“ соопшти МВР.
Лицето ќе биде предадено на казнено поправна установа.
Црна хроника
Доктор нападнал медицинска сестра на Гинекологија

Медицинска сестра вработена на Гинекологија на Комплекс клиники „Мајка Тереза“ утрово додека била на своето работно место во амбулантата, била физички нападната од нејзин колега, вработен како доктор.
На 06.03.2021 во 07.00 часот во СВР Скопје, С.С.(29) од Скопје пријавила дека околу 05.45 часот во амбулантата на Гинекологија на Комплекс клиники„ Мајка Тереза“ додека била на своето работно место како медицинска сестра по претходна расправија била физички нападната од Т.М.(33) од Охрид, вработен како доктор.
Сочинет е записник за констатиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ.
Црна хроника
Човечко тело во распаѓање пронајдено во канал на реката Лепенец

Човечко тело во распаѓање било пронајдено вчера во село Бардовци.
Како што соопшти МВР, З.Р.(40) од Скопје пријавил дека во с.Бардовци,скопско, во близина на сепарација, во канал на реката Лепенец било пронајдено човечко тело кое било делумно распаднато.
Телото било извадено и по наредба на јавен обвинител е предадено на Судска медицина за обдукција.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа2 недели
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“