Црна хроника
Судот ќе процени и одлучи што ќе биде тајно, а што јавно во „Шпион“
Јавноста ќе биде исклучена во дел од постапката којашто ќе се води за случајот „Шпион“, во кој што се осомничени 20 лица за злосторничко здружување, оддавање на државни тајни на други странски безбедносни служби и уценување на јавни личности.
Но од Основниот суд 1 не појаснуваат конкретно кој дел од постапката ќе биде достапен за јавноста. Oстанува судот да процени и да донесе одлука во кој дел од постапката за „Шпион“ ќе може да присуствуваат новинарите.
„Тоа е одлука на судот којшто ќе ја води понатаму постапката и извесно е дека еден дел од постапката ќе биде од затворен тип, што значи дека јавноста нема да може да присуствува кога ќе се изведуваат докази кои имаат одреден степен на тајност,“ изјави истражниот судија, портпарол на Основен суд 1, Владимир Туфегџиќ.
Се работи за предмет во којшто голем дел од доказите се со степен на тајност, па поради тоа тие ќе им бидат достапни само на адвокатите и странките во предметот, но нема да смеат да се изнесуваат во јавност.
„Во оваа кривична постапка овие докази ќе бидат изведени оној момент кога ќе биде направена декласификација односно симнат степенот на тајноста и во таа смисла судот ги презема сите потребни законски активности за тоа да се направи што побрзо. Во овој момент, но и понатаму во текот на оваа постапка овие докази нема да можат да бидат предмет на коментари по однос на нивната содржина надвор од судот бидејќи решението за симнување на степенот на тајноста ќе значи употреба на овие докази исклучиво за ограничена употреба, односно за употреба во судската постапка. Ова се наметнува логично бидејќи природата и содржината на тие докази е таква што тие содржат лични податоци за лица. Тоа никако не значи дека на странките и адвокатите ќе им биде ускратено правото на одбрана или правото да направат свој посебен концепт на одбрана затоа што во моментот кога ќе пристигне актот за декласификација овие докази ќе бидат презентирани на странките и нивните бранители, за да можат понатаму да направат сопствен концепт на одбрана, но нивната содржина и понатаму нема да може да ја изнесуваат од судот во јавноста“, изјави Туфегџиќ.
Иако веќе во јавноста излегоа информации од истрагата, детали за обвинетите, судијата не сака да ги коментира и вели дека единствено јавниот обвинител има надлежност да го следи јавно кажаниот збор. Тој не сакаше да коментира дали може да се пренесува изјава на обвинети којашто е објавена на фејсбук профил и следењето на ваквите јавни изјави смета дека се работа на јавниот обвинител.
„Јас повеќе пати истакнав дека туѓи коментари нема да коментирам. Не ми е познат изворот на тие информации слушнав дека такви информации се изнесени, меѓутоа одговорно тврдам дека такви информации од страна на судот не се пласирани. Портали, коментари од други лица надвор од судот јас ќе се воздржам и нема да коментирам. Ние сме суд, ние водиме судска постапка и доколку е изнесено нешто што директно може да влијае и да наштети на истрагата или евентуално постојат елементи за кривична одговорност, тука надлежен за тоа е јавниот обвинител како единствен надлежен за гонење на сторители на кривични дела по службена должност“, вели Туфегџиќ.
Истрагата за предметот тече забрзано, се бара симнување на степенот на тајноста на доказите односно декласификација на доказите за да им бидат презентирани на странките и адвокатите.
Според Туфегџиќ, веќе се преземаат дејствија за соодветни вештачења во однос на прибраните материјални докази. „Претпоставувам дека ако е опрема во прашање ќе се примени оној дел од законот кој се однесува на примена на посебни истражни мерки, пребарување и навлегување во компјутерски системи“, изјави истражниот судија.
Во акцијата „Шпион“ беа уапсени 17 лица поранешни и сега вработени во министерството за внатрешни работи и во безбедносните служби.
Во Чешка беше уапсен и велешанецот Борис Перков кој е еден од тројцата кои се бараат со меѓународна потерница. Полицијата сè уште трага по 38-годишниот Јане Младеновски и 47-годишниот новинарот Зоран Божиновски./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дете нападнато од врсници во Карпош, едниот снимал со телефон
Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, Ј.Ц.А. (45) од Скопје пријавила дека околу 14:45 часот на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавале, информираат од МВР.
Според пријавата, едниот од напаѓачите го снимал настанот со мобилен телефон.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Приведен 15-годишен кумановец поради кражба на автомобил и приватни имоти
На 23 февруари 2026 година во 11:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 15-годишник од Куманово, информираат од МВР.
Според полицијата, тој одзел паркирано патничко моторно возило „форд ескорт“, сопственост на Р.Ј. (25) од Куманово. Дополнително, се сомничи дека влегол во два приватни имоти и одзел повеќе предмети.
Малолетникот бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Фото: илустрација
Црна хроника
14-годишно дете возејќи автомобил во Дебреште удрило во бетонски столб, повреден е и неговиот малолетен сопатник
Синоќа во полицијата било пријавено дека во село Дебреште, општина Долнени, патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 14-годишен малолетник од селото, удрило во бетонски столб, соопшти МВР.
Во несреќата, 14-годишен сопатник од Дебреште се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот и 16-годишен сопатник се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп.
Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

