Црна хроника
Приведен арамијата од студентскиот дом „Пелагонија“
Четириест ичетиригодишен скопјанец доби кривична пријава поради сомнение дека е извршител на најмалку десет кривични дела во студентскиот дом „Пелагонија“ во скопската населба Кисела Вода
Пријавениот во периодот од почетокот на февруари до средината на јуни годинава ги извршил кражбите со што се стекнал со против правна имотна корист од 238 илјади денари.
Скопјанецот кој е идентификуван со иницијалите М.Х. сите десет кривични дела ги извршил во домот за студенти „Пелагонија“ така што откако ќе дошол до студентскиот дом и ќе се уверел дека нема да биде забележан од никого, низ влезната врата влегувал во домот се упатувал на катот каде што имал намера да краде, и во осумте случаи на кражби, низ незаклучените врати влегувал во собите и одземал претежно паричници со пари и документи, мобилни телефони и лап-топ компјутери.
Паричниците со документи ги фрлал во контејнери парите ги трошел за свои лични потреби, а лап-топ компјутерите и мобилните телефони ги продавал на непознати лица во Кисела Вода.
Притоа, тој извршил во студентскиот дом и кривично дело „тешка кражба“ кога влезната врата од собата ја отворил со кршење на бравата, а откако влегол внатре украл паричник со документи, пари и мобилен телефон.
Тешката кражба во обид, пријавениот сакал да ја изврши исто така во студентскиот дом, и тоа овојпат на влезната врата од студентската соба делувал меѓу касата и крилото, а откако еден од студентите кои спиеле од тропањето се разбудил и станал пријавениот се откажал од намерата и сакал да го напушти домот, но бил забележан од полициски службеници и приведен за натамошно постапување, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.