Црна хроника
Македонци илегално влегле во Србија
Одделението за илегална миграција и превенција поднесе кривична пријава против лицата И.Н. (49), Х.С. (35) и И.Е. (40) сите од Скопје за сторено кривично дело “„злоупотреба на безвизен режим со државите членки на европската унија и на шенгенскиот договор“, а И.Н. дополнително е пријавен и за сторено кривично дело – “недозволено преминување на државната граница“.
Минатата недела, на 26.09. на ГП „Табановце“ српските власти депортираа 31 лице македонски државјани кои илегално оствариле излез од Македонија во Србија. По преземни мерки е утврдено дека претходниот ден депортираните лица со две комби-возила заедно со И.Н. за износ од 250 евра по лице, биле превезени до село Лојане од каде И.Н со помош на три непознати лица на илегален начин ја префлиле групата во Србија, додека Х.С. и И.Е. требало да ги пренесат патните торби на депортираните лица во Прешево.
При извршен преглед на теренот во близина на границата се пронајдени Х.С. и И.Е. во возило со патните торби. Истражен судија на пријавените им одреди мерка притвор во траење од по 30 дена./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.