Црна хроника
Расчистени десетици тешки кражби во Скопје
Скопската полиција во саботата соопшти дека поднела Кривична пријава против лицата Н.Д.(45), К.Х.(48), М.И.(25) и В.К.(20) сите од Скопје, поради постоење основано сомневање дека во временскиот период од 29.06.2012 година до 14.09.2013 година првопријавениот извршил вкупно десет кривични дела “тешка кражба” и единаесет “обиди за тешка кражба”.
Најчесто биле крадени златен накит, мобилни телефони, ЛЦД Телевизори, алкохолни пијалоци, пари, лап топ комјутери, часовници и други работи. МВР на својата бев страна објави видео и ги повика жртвите на кражби детално да го погледнат видеото и доколку некој од покажаните предмети го препознаат или се сомневаат дека е нивна сопственост да се обратат во скопската полиција. Се преземаат мерки за утврдување за инволвираност на криминалната група и во други кривични дела. Се проценува дека првопријавениот Н.Д. се стекнал со вкупна противправна имотна корист во износот од 1.969.300 денари а причинил материјална штета од 3.800 денари. Лицата К.Х., М.И., В.К., сториле кривично дело “прикривање” на начин што учествувале во прикривање и продавање на предметите од кривичните дела.Серијата кривични дела се извршени на подрачјето на град Скопје, од нив четири дела се извршени во 2012 година а останатите во текот на 2013 година. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Повреден возач по судир на две товарни возила на автопатот Скопје-Тетово
СВР Тетово информира дека во 10:05 часот била пријавена сообраќајна незгода на автопатот Скопје-Тетово.
На околу 500 метри после клучка Желино се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „Ивеко” со скопски регистерски ознаки сопственост на „Македонија пат” управувано од Ј.С.(54) од с.Рогле, тетовско и товарно возило ,,Мерцедес” со скопски регистарски ознаки управувано од Н.С.(51) од Скопје.
– Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот Ј.С. констатирани во Клиничка болница Тетово, информира СВР Тетово.
Увид на лице место е извршен екипа од СВР Тетово.
Црна хроника
Се преврте камион кај Желино
Тешка сообраќајна незгода се случи пред малку на автопатот Скопје – Тетово. Според првичните информации, камион се превртел веднаш по наплатната рампа кај Желино, што предизвика значителен застој во сообраќајот.
Блокирани се првите две ленти, а возилата се пропуштаат само по третата лента.
Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ја прилагодат брзината на условите на патот, да држат соодветно растојание и да бидат исклучително внимателни додека поминуваат на овој потег додека трае увидот и расчистувањето на теренот.
Топ
Маж и жена, државјани на Македонија загинаа на автопатот Белград – Ниш
Двајца државјани на Македонија, маж и жена од албанско потекло, загинаа рано утринава во тешка сообраќајна несреќа што се случи на автопатот Белград – Ниш, кај клучката Умчари, пишува српски „Курир“.
Несреќата се случила кога патничко возило „сеат“, со германски регистарски таблички, излетало од патот. Според неофицијални информации, возачот изгубил контрола над возилото, удрил во заштитната ограда и сообраќаен знак, по што автомобилот завршил надвор од коловозот.
Надлежните органи продолжуваат со истрагата за целосно утврдување на околностите под кои се случила несреќата.

