Црна хроника
Спречен шверц од 100.000 евра на скопскиот аеродром
Турски државјанин со српски пасош, се обидел да пренесе нешто помалку од 100.000 евра преку пункт на аеродромот „Александар Велики“, но бил спречен.
Безбедносните служби на „ТАВ Македонија“ сперчија шверц од 99.200 евра на скопскиот аеродром „Александар Велики“.
Во неделата, патникот со иницијали О.М. се обидел да ја пренесе поголемата сума на девизи преку пунктот за преглед, но сигурносниот тим го спречил во намерата и го пријавил на царинските и на полициските службеници.
При проверка на документите утврдено е дека се работи за турски државјанин кој поседува пасош од оваа држава, но и од соседна Србија. Тој требало да патува за Истанбул. Сумата од речиси 100.000 евра е пронајдена во рамки на процедурата за безбедносен преглед на патници и кабински багаж.
Станува збор за редовна контрола во која вработените на „ТАВ Македонија“ проверуваат дали патниците во себе имаат предмети кои не се дозволени за изнесување согласно позитивните законски прописи.
Лицето О.М. се обидело нелегално да ги изнесе парите од земјата без претходно да ги пријави. Задржан е и не му е дозволено да продолжи со патувањето./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.