Црна хроника
Управителот на Млаз Богданци осомничен за злоупотреба на над 260.000 евра
Кривична пријава против претседателот на Управниот одбор со ограничено овластување и управител на АД „Млаз Богданци“ поднесе во средата финансиската полиција, поради сомневање дека ја злоупотребил службената положба и овластување, причинувајќи и штета на компанијата во износ од над 16 милиони денари (околу 261 илјади евра).
Шеесет ипетгодишниот В.П, од Богданци се товари дека преку две грчки компании, кои отвориле фирма во Скопје, одобрил исплата на побарувања од АД „Млаз Богданци“ иако знаел дека дел од фактурите веќе биле платени на добавувачи од Грција, а останатите биле застарени побарувања. Тој не само што не ја оспорил спорната исплата, туку за тоа не ги информирал останатите акционери. Овластен потписник на сметка во деловна банка на фирмата отворена од грчките компании во Скопје била ќерката на осомничениот.Пријавениот, злоупотребувајќи ја својата службена положба овозможил неосновано да се стекнат со противправна имотна корист други правни субјекти, односно неосновано да се присвои дел од имотот на АД Млаз Богданци. /крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.