Црна хроника
Дрвокрадци нападнале полицаец
Полицаец бил нападнат од неколку лица откако претходно трактор бил запрен заради превоз на диво исечени дрва за огрев.
Настанот се случил во четвртокот околу 17,00 часот близина на село Шум, струшко, кога полициски службеници при конторла на трактор без регистарски ознаки констатирале дека нелегално се превезуваа огревни дрва.
Патролниот тим на граничната полиција го упатил тракторот кон полициската станица во село Франгово каде требало да се преземат понатамошни мерки, но во близина на село Заграчани тракторот бил блокиран од патничко моторно возило марка „ Волксфаген-голф“ без регистарски таблици од кое излегле две лица и упатиле вербални напади и закани кон полициските службеници. На лице место пристигнале уште неколку лица кои физички до нападнале едниот полициски службеник при што му нанеле телесни повреди.
Приведено е едно лице жител на село Велешта а во тек се мерки за пронаоѓање останатите лица учесници во нападот. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.