Црна хроника
322 казни за брзо возење на територијата на државата

322 возачи биле казнети по вчерашната акциска контрола за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, на територијата на државата.
Од нив, 29 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 143 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 179 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најави полицијата, од таму апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тешко повреден скопјанец донесен во Градската болница: бил истепан од две лица кои му се заканувале со пиштол

Вчера во 23:44 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“- Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.М.(54) од Скопје.
Според пријавеното, со повредите се здобил околу 22:50 часот кога во дворот на семејниот дом во Скопје бил нападнат од две лица, кои му се заканувале со пиштол, а потоа и физички го нападнале.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот
Црна хроника
Тешко повреден 13-годишник од Кичево: управувајќи електричен тротинет се судрил со „фолксваген туран“

Вчера во 21:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на улицата „Љубица Богеска“ во Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген туран“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од А.З.(49) од Кичево и електричен тротинет управуван од 13-годишен малолетник од Кичево.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Медицинскиот центар Кичево.
По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кичево.
Топ
Се запали глисер во Охридско Езеро

Пожар избувнал во глисер укотвен во водите на езерото, на плажите помеѓу населбата и автокампот „Елешец“, на околу 30 метри од брегот.
За среќа, во инцидентот нема повредени лица. Во гаснењето на огнените јазици интервенирале екипите на Територијалната противпожарна единица Охрид, заедно со припадници на езерската полиција, кои брзо реагирале за да спречат поголема катастрофа.
Според полициските информации, глисерот бил регистриран и во сопственост на 64-годишниот З.Д. од Тетово. Пожарот предизвикал сериозни оштетувања на коритото, поради што пловилото потонало на длабочина од околу три метри. Покрај тоа, огнот оштетил и два други глисери кои биле укотвени во близина.
Причините за избувнувањето на пожарот засега не се познати, а истрагата за утврдување на околностите е во тек.