Црна хроника
Вербален конфликт меѓу главниот сведок и обвинетите во „Фаланга“
Првите петмина обвинети во досието „Фаланга“ во вторник се соочија директно со главниот сведок на Јавното обвинителство Иле Николов.
Обвинетите вербално го нападнаа Николов, велејќи дека исказот го дава под притисок и дека е целосно монтиран.
Сведокот призна во судница дека купувал и продавал историски предмети токму со обвинетите Илчо Бојчевски, Драган Милососки, Давид Шекуларац и Коста.
Реагираа и адвокатите на обвинетите, кои побараа од судот да го негира исказот на сведокот Иле Николов затоа што тој ги посочува останатите за да се заштити самиот, бидејќи признал дека и самиот препродавал артефакти.
Николов откри дека неколку пати учествувал во препродавање историски предмети – две камени плочи, една бронзена, ситни фигури, две чаши- призна дека заработал неколку илјади евра затоа што предметите ги откупувал за 100 до 400, а ги продавал и по 3 000 евра. Во тоа му помагале и го организирале главните обвинети.
За ископувањата на терен говореа и други сведоци, но тврдеа дека се спроведувале под полициска контрола, со дозволи издадени од државен орган. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.