Црна хроника
Фатени напаѓачите од два инциденти во автобуси, насилството во Стајковци се уште се расветлува
Полицијата уапси 13 малолетници осомничени дека учествувале во два напади во автобуси на ЈСП Скопје. Инцидентот што се случи во четвртокот во Стајковци се уште не е расветлен.
Осум малолетници од Скопје, селото Батинци, Грчец и Студеничани го нападнале 17-годишниот ученик на улицата „Трета македонска бригада“ во автобус на ЈСП број 33. Без повод и причина го нападнале со тупаници по телото, по што малолетникот завршил во болница.
Другиот инцидент се случил во петокот во автобус на ЈСП број 7, кога поголема група нападнала 15-годишен ученик повторно без повод и причина. Го удирале со тупаници во пределот на главата и рацете, а за овој напад осомничени се петмина малолетници од Скопје, Арачиново, Студеничани и Рашче.
Двајца од напаѓачите учествувале и во двата инциденти, а повеќето од нив и се познати на полицијата и против нив досега се поднесени пријави за кривични дела поврзани со насилство.
Од министерството соопштуваат дека интензивно работат инцидентот што се случи во автобусот на ЈСП број 65 во село Стајковци. Во четвртокот вечерта 10-15 лица маскирани со шалови и со метални шипки нападнаа повеќе патници, а неколкумина малолетници завршија во болница./крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.