Црна хроника
Јавниот обвинител ќе раководи со увидот,обвинителството доволно екипирано
Ако досега кога ќе се случеше кривично дело, на местото на настанот излегуваше истражен судија по известување на министерството за внатрешни работи, со новиот закон за кривична постапка јавниот обвинител е тој кој ќе раководи со увидот и сам излегува со припадниците на правосудната полиција.
Според републичкиот јавен обвинител, Марко Зврлевски, јавното обвинителство е доволно екипирано со обвинители и е во постапка на доекипирање во поглед на стручната служба советници и администрација. Во моментов има двајца судии во претходна постапка, нов институт кој се воведува со укинувањето на истражниот судија.
Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и министерот за правда, Блерим Беџети денеска го посетија републичкиот јавен обвинител, Марко Зврлевски по стапувањето на сила на новиот закон за кривична постапка.
„Законот се применува, дадени се првите наредби, направен е првиот записник од лице место од страна на јавниот обвинител и тие историски моменти поминаа без никакви проблеми. По однос на постапувањето на полицијата и понатаму согласно законот за полиција тие ги имаат истите овластувања за преземање на мерки за откривање на сторители на кривични дела, а понатаму постапката ја води јавниот обвинител со нивна помош“ изјави Зврлевски.
Согласно законот, автоматски правосудната полицијата ја сочинуваат сите полицајци кои и досега работеа на криминалистички настани, а по однос на другите органи кои работат на откривање и гонење на криминалот и тие влегуваат во рамки на правосудната полиција.
„Правосудната полиција си има свои обврски и одговорности и за нив ќе одговара пред МВР, а во начинот на постапувањето ќе се договара со обвинителот“ изјави Зврлевски.
Старите предмети ќе бидат завршени согласно стариот закон.
Министерката Јанкулоска изјави дека со новиот закон полицијата во целост стои на располагање на обвинителот и ќе ги извршува сите оние надлежности кои се гарантираат во законот за внатрешни работи и законот за полиција.
„Новиот концепт на законот обезбедува највисока почитување на човековите права, ефикасна и брза правда и процедура, правичност, пред се еднаков пристап на странките пред судот“ рече Јанкулоска.
Од неделата, 1 декември стапи на сила новиот Закон за кривична постапка со кој надлежностите на истражниот судија преминуваат во рацете на Обвинителот.
Клучна улога во истрагите добива јавниот обвинител, се намалува улогата на судот во истрагата, се укинува институтот истражен судија и се воведува функцијата судија во претходна постапка.
Пукањето во центарот на Скопје е првиот случај во којшто почна да се применува Новиот закон./крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.