Црна хроника
Пронајдени пет обезглавени тела во Мексико
Обезглавените тела на пет лица се пронајдени во саботата во мексиканската сојузна држава Мичоакан, објавија тамошните правосудни власти и прецизирале дека одговорноста за убиствата ги преземале убијци од картел о една сосед на сојузна држава.
Три тела биле пронајдени во мугрите во близина на мост кој води до местото Таримбаро, во предградие на Морелиа, главниот град на сојузната држава Мичоакан, соопштил висок функционер на локалните власти, пренесе AFP. Подоцна полицијата пронашла уште две обезглавени тела на еден од плоштадите во Мирелиа.
До телата стоел картон со потписот KJNG, ознака на картелот Халиско – Ново поколение, коешто дејствува во соседната сојузна држава Халиско. Таа држава којашто излегува на Тихион Океан, е клучен регион за трговијата и транспорт на дрогите.
Полициските службеници рекле дека според досегашните сознанија убиените лица не се поврзани со организираниот криминал, што наведува на тезата дека станува збор за кампања на терор за да се покаже присутноста на картелот во државата Мичоакан.
Мексиканската влада во мај годинава започна нова операција за сузбивање на ескалацијата на насилствата предизвикани од судирите меѓу наркодилерите и меѓу картелите и групите за самоодбрана формирани за заштита на локалното население, Групите за самоодбрана истакнуваат дека земале оружје в раце бидејќи власите се неспособни да го одбранат населението од рекетирањето, грабнувањата и убиствата коишто ги извршуваат злосторничките организации./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.