Црна хроника
Швајцарска двојка убиена во египетското одморалиште Хургада
Безживотните тела на двајца швајцарски државјани се пронајдени во популарното египетско одморалиште Хургада, пренесува во петокот агенцијата Associated Press.
Според локалната полиција, мажот и неговата сопруга по потекло од Швајцарија, коишто живееле во Хургада, исчезнале уште пред една седмица. Нивните тела биле пронајдени во една до вилите на одморалиштето на брегот од Црвеното Море.
Истрагата за убиството го сомничи припадникот на обезбедувањето, кој наводно сакал вилата да му биде препишана нему. Официјалните лица од полицијата во Хургада не сакале да дадат повеќе поединости за агенцијата, додека амбасадата на Швајцарија била затворена.
Криминалот во Египет драстично се зголеми откако со ткн Арапска пролет во февруари 2011 година беше соборен децениската власт на поранешниот претседател Хосни Мубарак, откако полициски служи речиси се распаднаа а земјата е преплавена со илегално оружје./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.