Црна хроника
Откриени напаѓачите на итната помош за новогодишната ноќ

Според информациите од Министерството за внатрешни работи станува збор за пет малолетни лица за кои ќе следува соодветен поднесок.
МВР информира дека истите ќе бидат изведени пред суд и Јавен обвинител.
Групата млади луѓе за време на новогодишната ноќ го нападнаа возилото на итната медицинска помош при што настрада возачот на возилото.
Инцидентот се случил кога по претходен повик екипа на итната помош се упатила во населбата Кисела Вода. Откако возачот се обидувал да паркира, групата почнала да удираат по возилото.
Во намерата да ги спречи демолирањето на возилото возачот го извлекол подебелиот крај./крај.мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Во Вардар пронајдена неексплодирана граната

На 12 септември попладне, помеѓу селата Рашче и Радуша, во водите на реката Вардар била забележана неексплодирана граната.
Полицијата веднаш реагирала и го обезбедила местото. Веќе следниот ден, на 13 септември, стручни екипи од Дирекцијата за заштита и спасување ја извадиле гранатата. Констатирано било дека станува збор за неексплодирана рачна противтенковска граната – РПГ.
Случајот е целосно документиран, а опасноста навреме отстранета.
Црна хроника
Тетовец (84) загина на нива, врз него паднало дрвото кое го сечел

Тетовското село Подбреѓе стана место на трагедија. Во саботата напладне, жителите на околината забележале нешто необично во една нива – таму било пронајдено безживотно тело на 84-годишниот М.С. од Тетово.
Лекарите од Итната медицинска помош само можеле да констатираат смрт. Истрагата открила дека несреќата се случила додека старецот сечел дрва во својата нива. Едно од нив паднало врз него и му нанело тешки повреди од кои починал на самото место.
Полицијата веднаш извршила увид, а присуствувале и јавен обвинител и судска медицина за целосно документирање на случајот.
Црна хроника
Ноќен хорор во Штип: Млада девојка насилно внесена во возило, нападната и снимана со телефон

Саботната вечер во Штип завршила насилно за 21-годишна девојка. Околу 22 часот, додека се движела низ градот, таа била пресретната од две жени. Едната, 28-годишна жителка на Кочани, со употреба на сила ја внела девојката во автомобилот што го управувала другата.
Ноќта продолжила во мрачна насока – одвезена во една од штипските населби, девојката била физички нападната. Додека траел нападот, осомничената не се задоволила само со насилството – таа ја снимала жртвата со својот мобилен телефон, информира полицијата.
Утрината по инцидентот, полицијата од Кочани ја привела 28-годишната кочанчанка. Случајот е документиран и расчистен, а против неа ќе биде поднесена кривична пријава.