Црна хроника
Сторители на над илјада кривични дела за шест години заработија уште една пријава
Тројца скопјани, коишто инаку се регистрирани како сторители на имотни деликти, за што им се поднесени вкупно 214 кривични пријави, за извршени 1.082 кривични дела во временски период од 1999 до 2005 година, за што им се изречени вкупно 52 години затвор, две условни осуди, една мерка малолетнички затвор и една мерка упатување во воспитно поправен дом, заработија уште една кривична пријава за тешка кражба
Скопската полиција во саботата соопшти дека за групата којашто ја сочинувале 24-годишниот Е.И., 30-годишниот Н.К. една година повозрасниот Е.Е., 20-годшниот М.Ј. и 15-годишната С.С. е поднесена кривична пријава поради сомневање за сторено за дело „тешка кражба“ до Основното јавно обвинителство Скопје. Прво наведените тројца се, инаку, лицата коишто за шест години успеале да сторат повеќе од илјада кривични дела и вкупно да забаботат затворски казни од половина век.
Според документираните сознанија на скопската полиција, во четвртокот, на 02-ри јануари, петте лица во алкохолизирана состојба, отишле на булеварот „Александар Македонски“ во книжарницата „Квант“ во Скопје, каде што го скршиле катанецот од заштитната решетка, по што го скршиле и стаклото од излогот на дуќанот. Додека двајца стоеле надвор и внимавале некој да не наиде, другите влегле во објектот и одзеле поголемо количество цигари и други производи.
Откако ги ставиле предметите во кеси и тргнале пешки, но биле забележани од припадниците на полициската единица „Алфи“, по што биле легитимирани и приведени во полициска станица, каде што детално објасниле како ја извршиле провалата.
Истражен судија на двајцата им одредил осумдневна мерка притвор, двајца се вратени на издржување на казната во затворот „Идризово“, додека малолетната девојка заедно со нејзината мајка ќе биде однесена кај Јавен обвинител./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.