Црна хроника
Дванаесетгодишник во САД со сачмарка тешко рани двајца соученици
Дванаесетгодишно момче со скратена сачмарка тешко рани двајца свои соученици пред еден од учителите да го наговори да ја го спушти оружјето, ноќта кон средата по македонско време, во гратчето Росвел со 48 илјади жители во сојузната американска држава Њу Мексико.
Како што соопштила полиција, во последната од серијата пукања во американските училишта кои што и враќаат болните спомени од минатогодишните масакри, 12 годишното момче е задржано во притвор и е испратено на психијатриско набљудување.
Едно до ранетите деца, 11-годишно момче и натаму е во критична состојба поради тешките повреди во вратот и на главата, додека 13-годишното девојче рането во рамето е во стабилна состојба, пишуваат локалните медиуми.
Момчето напаѓач сачмарката ја внел во училиштето криејќи ја во ранецот со училишен прибор, но засега не се откриваат мотивите за нападот, а се претпоставува дека цел на истрелите било токму ранетото момче.
Станува збор за второ пукање во основно училиште во САД во последните неколку месеци, откако кон крајот на ланскиот октомври во градот Спаркс во сојузната држава Невада, кога исто така 12-годишник го уби наставникот и рани двајца свои соучесници.
Градот Росел, инаку е познат во светот по тоа што, наводно во 1947 година во неговата околина паднале еден вселенски неидентификуван летечки објект (НЛО)./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дете нападнато од врсници во Карпош, едниот снимал со телефон
Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, Ј.Ц.А. (45) од Скопје пријавила дека околу 14:45 часот на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавале, информираат од МВР.
Според пријавата, едниот од напаѓачите го снимал настанот со мобилен телефон.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Приведен 15-годишен кумановец поради кражба на автомобил и приватни имоти
На 23 февруари 2026 година во 11:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 15-годишник од Куманово, информираат од МВР.
Според полицијата, тој одзел паркирано патничко моторно возило „форд ескорт“, сопственост на Р.Ј. (25) од Куманово. Дополнително, се сомничи дека влегол во два приватни имоти и одзел повеќе предмети.
Малолетникот бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Фото: илустрација
Црна хроника
14-годишно дете возејќи автомобил во Дебреште удрило во бетонски столб, повреден е и неговиот малолетен сопатник
Синоќа во полицијата било пријавено дека во село Дебреште, општина Долнени, патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 14-годишен малолетник од селото, удрило во бетонски столб, соопшти МВР.
Во несреќата, 14-годишен сопатник од Дебреште се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот и 16-годишен сопатник се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп.
Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

