Црна хроника
Убиец во САД погубен со нова смртоносна инјекција
Осуденик на смрт поради убиство и силување е погубен во четвртокот со инјекција со ново средство за усмртување коешто првпат е користено, но според очевидците изгледало дека во текот на погубувањето се грчел и се обидувал да дојде до воздух.
Денис Мегваер, 53-годишник, беше осуден на смрт поради силување и убиство на жена во седмиот месец од бременост во 1989 година, и е третиот осуденик погубен во САД годинава.
На Мекгваер му била инјектирана комбинација од седативот мидазолам и средство против болки хидроморфон кои американската сојузна држава Охајо ги воведен како алтернативно средство во случај да не може да дојде до пентобарбитол чијшто произведувач вложи приговор поради неговото користење при погубувањата.
Мегваер бил прогласен мртов во 10.53 часот по локални време, а репортерот на локалниот весник кој сведочел на погубувањето пренесе дека во 10.29 часот изгледало како осуденикот дека ќе заспие, но во 10.35 часот се чинело како да е без свест, почнал да се грчи се обидувал да земе воздух.
Во текот на постапката, Мекгваер неколкупати реагирал и неговата уста постојано се отворала и затворала, пренeсува Associated Press чиј репортер исто така присуствувал на погубувањето. Адвокатот на осуденикот рекол дека лекот предизвикал недостиг од воздух, како феноменот кој предизвикува паника кај пациентот кој се бори да земе здив.
Портпаролката на државниот затвор во коешто е извршено погубувањето, Џо Елејн Смит, не сакала за Reuters да го коментира описот на извршувањето на смртната казна што го опишал репортерот.
Инаку федералниот судија на Охајо во последен момент го отфрлил барањето на адвокатскиот тим на Мекгваер за одложување на смртната казна, кој тврди дека поротата никогаш не ги слушнала деталите за неговото, наводно, тешко и проблематично детство. Според адвокатите, бил злоставуван, што довело до оштетување на мозочните фунцкии што го направило склон кон импулсивни постапки.
Гувернерот на државата Охајо, Џон Касич, исто така ги отфрли напорите на Мекгваер да стане донор на органи, правен маневар кој претходно му беше дозволен на друг осуденик на смрт кој доби осуммесечно одложување на извршувањето на пресудата./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дете нападнато од врсници во Карпош, едниот снимал со телефон
Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, Ј.Ц.А. (45) од Скопје пријавила дека околу 14:45 часот на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавале, информираат од МВР.
Според пријавата, едниот од напаѓачите го снимал настанот со мобилен телефон.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Приведен 15-годишен кумановец поради кражба на автомобил и приватни имоти
На 23 февруари 2026 година во 11:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 15-годишник од Куманово, информираат од МВР.
Според полицијата, тој одзел паркирано патничко моторно возило „форд ескорт“, сопственост на Р.Ј. (25) од Куманово. Дополнително, се сомничи дека влегол во два приватни имоти и одзел повеќе предмети.
Малолетникот бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Фото: илустрација
Црна хроника
14-годишно дете возејќи автомобил во Дебреште удрило во бетонски столб, повреден е и неговиот малолетен сопатник
Синоќа во полицијата било пријавено дека во село Дебреште, општина Долнени, патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 14-годишен малолетник од селото, удрило во бетонски столб, соопшти МВР.
Во несреќата, 14-годишен сопатник од Дебреште се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот и 16-годишен сопатник се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп.
Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

