Црна хроника
Германски ученик ограби банк и избега на велосипед
Шеснаесетгодишник извршил вооружен грабеж на банка во близина на градот Пасау,во Баварија, по што се обидел да побегне од местото на злосторството со велосипед, соопшти германската полиција во саботата.
Инцидентот де случил во малото место Бад-Фјусинг. Полицијата соопшти дека тинејџерот дошол во банката, извадил пиштол и побарал да му ги предадат сите пари од благајните. Откако добил сума од неколку илјади евра, излегол од банката, се качил на својот велосипед и се тргнал кон соседното село Обернебрг.
Но по патот го следел со својот автомобил еден од очевидците на грабежот. На крајот, според неговата изјава за локалните медиуми, престапникот бил фатен од полицијата и кај него бил најден ранецот со парите. Ученикот веднаш го признал грабежот, но засеа нема најава какви последици ќе понесе, имајќи ја предвид тежината на престапот и неговата возраст./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Камион удри во крава на патот Крива Паланка – Куманово
Камионџија од Бугарија усмрти крава на патот Крива – Паланка – Куманово.
Според информациите на МВР, вчера во 18:00 часот во ОВР Крива Паланка e пријавено дека на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, во село Жидилово, кривопаланечко, товарно возило „мерцедес“, управувано од Е.М.С.(59) од Бугарија, удрило во домашно животно – крава, по што животното починало, а тој со возилото го напуштил местото.
По преземени мерки Е.М.С. бил пронајден и против него ќе следува соодветна пријава. Увид извршила екипа од ОВР Крива Паланка.
Црна хроника
84-годишна битолчанка измамена за сума од 9.600 евра
Осумдесет и четиригодишна битолчанка пријавила во полицијата дека била измамена од едно лице за сума од 9.600 евра.
„Според пријавеното, претходно лицето ѝ се јавило, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка се здобила со скршеници и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати. Како што е пријавено, таа ги дала парите на едно лице кое дошло пред нејзината зграда, а откако подоцна се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека е измамена“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: Depositphotos
Црна хроника
Скопјанец нашол паричник во Струга, ги потрошил парите, па пазарел и со картичката, МВР го пронајде
Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против П.П. (41) од Скопје, со привремено живеалиште во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Тој, во угостителски објект во Струга пронашол паричник сопственост на лице од струшко село, по што со парите а потоа и со банкарска платежна картичка, на повеќе продажни места, неовластено извршил плаќање за свои потреби.

