Црна хроника
Кривични пријави за двајца улични насилници од Сингелиќ
Две 21-годишни момчиња од скопското село Синѓелиќ се предадени на Основното јавно обвинителство Скопје поради напад, без никакво повод и причина, врз двајца свои врсници.
Двајцата пријавени, делото за коешто се товарат го сториле на почетокот од март 2013 година, кога во селото Синѓелиќ , вечерта околу 21 часот, заедно со уште засега непознати лица, без ништо да им кажат, нападнале две момчиња, удирајќи ги со дрвени и метални палки по главата и телото.
Едно од момчињата успеало да побегне, додека другото и откако паднало на земја, продолжиле да го тепаат, по што насилниците избегале. На оштетените укажана им е лекарска помош во Ургентен центар, каде на едното момче му биел констатирани тешки телесни повреди фрактура на левата рака, расекотина на главата како и контузии по телото и главата, а на другото момче му е констатирана телесна повреда, контузија на главата.
По преземени мерки и активности лицата се пронајдени и приведени, се преземаат мерки за утврдување на идентитетот и на другите учесници во кривично правниот настан, по што ќе следуваат соодветни поднесоци. На пријавените им е одредена мерка куќен притвор./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Камион удри во крава на патот Крива Паланка – Куманово
Камионџија од Бугарија усмрти крава на патот Крива – Паланка – Куманово.
Според информациите на МВР, вчера во 18:00 часот во ОВР Крива Паланка e пријавено дека на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, во село Жидилово, кривопаланечко, товарно возило „мерцедес“, управувано од Е.М.С.(59) од Бугарија, удрило во домашно животно – крава, по што животното починало, а тој со возилото го напуштил местото.
По преземени мерки Е.М.С. бил пронајден и против него ќе следува соодветна пријава. Увид извршила екипа од ОВР Крива Паланка.
Црна хроника
84-годишна битолчанка измамена за сума од 9.600 евра
Осумдесет и четиригодишна битолчанка пријавила во полицијата дека била измамена од едно лице за сума од 9.600 евра.
„Според пријавеното, претходно лицето ѝ се јавило, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка се здобила со скршеници и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати. Како што е пријавено, таа ги дала парите на едно лице кое дошло пред нејзината зграда, а откако подоцна се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека е измамена“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: Depositphotos
Црна хроника
Скопјанец нашол паричник во Струга, ги потрошил парите, па пазарел и со картичката, МВР го пронајде
Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против П.П. (41) од Скопје, со привремено живеалиште во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Тој, во угостителски објект во Струга пронашол паричник сопственост на лице од струшко село, по што со парите а потоа и со банкарска платежна картичка, на повеќе продажни места, неовластено извршил плаќање за свои потреби.

