Црна хроника
Стружанец загина туркајќи 'фиќо' да запали
Едно лице го загуби животот во неделaта рано наутро во несреќа на регионалниот пат Струга-Дебар, во близина на каменоломот кај месноста Бороечки мост.
Шеесет ичетиригодишниот Неде Ц. од селото Пискупштина, починал утрово околу 7 часот откако врз него се превртел автомолбил „застава 750“, кој несреќниот го туркал по удолницата кон Глобочичко езеро, во обидот да го стави во погон.
Според соопштението на струшката полиција, автомобилот во моментот на забрзување се превртел на левата страна од којашто се наоѓала жртвата која не успеала да влезе во возилото и да го сопре неговото движење по надолниот пат. Од добиените повреди тој на самото место го загубил животот.
Полицијата изврши увид во присуство на Јавен обвинител како и полициски екипи од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај од Струга./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.