Црна хроника
Две кражби изминатиов викенд во Скопје

Тешка кражба во стан на булевар „Јане Сандански“ во Скопје извршил непознат сторител во саботата кој со погоден предмет успеал да ја отвори влезната балконска врата во станот на шеесет итригодишниот Г.Ч. при што одзел поголемо количество златен и сребрен накит, соопштуваат од МВР.
Вредноста на пленот кој арамијата го зел со себе се проценува на околу 300 илјади денари.
Во периодот од 21-ви до 25-ти јануари на булеварот „Трета Македонска Бригата“ во Скопје, пак, крадец влегол во станот на Д.К. (64) и одзел златен накит, часовници, парфеми, бижутерија и друго, и заминал со плен вреден околу 300 илјади денари.
И во двата случаи полицијата презема мерки за откривање на сторителите./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.