Црна хроника
Изнервиран охриѓанец со нож нападнал бугарски туристи
Охриѓанец нервозен од претходна расправија го демолирал ресторанот „Св.Наум“ кој е лоциран во туристичкиот комплекс „Св.Наум“ во Охрид.
За ваквото девијантно однесување СВР Охрид поднесе кривична пријава за „насилство“ против М.Т.(31) од Охрид кој делото го сторил на 19.01.2014 година околу 15 часот и 30 минути, соопштуваат од МВР.
Откако претходно еден од родителите на М.Т. имал вербална расправија со гости од Бугарија изреволтиран, влетал во објектот и почнал да крши чаши, прозорци и дел од инвентарот што му се нашол на патот.
По кратко време со нож упатил закани кон гостите кои веднаш избегале од ресторанот, а потоа го нападнал келнерот кој успеал да избега кон околните ниви.
Пријавениот М.Т. е лице познат на службата против кого и досега, по повеќе основи биле поднесувани кривични пријави./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Камион удри во крава на патот Крива Паланка – Куманово
Камионџија од Бугарија усмрти крава на патот Крива – Паланка – Куманово.
Според информациите на МВР, вчера во 18:00 часот во ОВР Крива Паланка e пријавено дека на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, во село Жидилово, кривопаланечко, товарно возило „мерцедес“, управувано од Е.М.С.(59) од Бугарија, удрило во домашно животно – крава, по што животното починало, а тој со возилото го напуштил местото.
По преземени мерки Е.М.С. бил пронајден и против него ќе следува соодветна пријава. Увид извршила екипа од ОВР Крива Паланка.
Црна хроника
84-годишна битолчанка измамена за сума од 9.600 евра
Осумдесет и четиригодишна битолчанка пријавила во полицијата дека била измамена од едно лице за сума од 9.600 евра.
„Според пријавеното, претходно лицето ѝ се јавило, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка се здобила со скршеници и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати. Како што е пријавено, таа ги дала парите на едно лице кое дошло пред нејзината зграда, а откако подоцна се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека е измамена“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: Depositphotos
Црна хроника
Скопјанец нашол паричник во Струга, ги потрошил парите, па пазарел и со картичката, МВР го пронајде
Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против П.П. (41) од Скопје, со привремено живеалиште во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Тој, во угостителски објект во Струга пронашол паричник сопственост на лице од струшко село, по што со парите а потоа и со банкарска платежна картичка, на повеќе продажни места, неовластено извршил плаќање за свои потреби.

