Црна хроника
Претепан и ограбен жител на Тетово

Разбојници физички нападнале и ограбиле жител на Тетово кој се движел покрај градскиот стадион, соопштуваат од министерството за внатрешни работи од каде додаваат дека инцидентот се случил во вторникот околу 16.30 часот.
Педесет и шест годишниот В.Д. бил нападнат од група непознати лица кои со употреба на физичка сила успеале од него да одземат девизи во вредност од околу 2.700 евра, по што избегале од местото каде се случил инцидентот.
Случајот е пријавен во полиција, а од таму ги преземаат сите неопходни мерки за откривање на сторителите./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Прилепчанец претепал медицинска сестра

СВР Битола поднесе кривична пријава против Р.Т.(43) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.
На 01.02.2025 во Итната медицинска помош во Прилеп, пријавениот нападнал медицинска сестра додека му пружала помош.
Црна хроника
Лекар во болницата во Штип нападнал копега во операциона сала

СВР Штип поднесе кривична пријава против З.Ш.(65) од Штип.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „напад врз здравствен работник и здравствен соработник при вршење на здравствена дејност“.
Имено, на 05.02.2025, пријавениот, лекар во Клиничка болница Штип, влегол во една од салите за операција каде се изведувала операција и се обидел да го земе апаратот за анестезија, при што физички нападнал негов колега кој ја вршел интервенцијата.
Црна хроника
Тетовка нарачала мебел и оставила капар: не ја добила ниту нарачката ниту парите

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.И.(29) од Тетово.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „измама.
Во текот на 2024, жена од Тетово нарачала мебел кај пријавениот во вредност од 5.000 евра, при што оставила и капар од 1.400 евра. Но, пријавениот не ја испорачал нарачката и не ги вратил парите.