Црна хроника
Четири лица на Ургентен по директен судир на два автомобили
Тешка сообраќајна несреќа во средата се случи на булеварот „Борис Трајковски“ во Кисела вода, кај бензинската пумпа на „Лукоил“, во која четири лица се здобија со повреди и веднаш се пренесени во Ургентниот центар во Скопје.
Според информациите од полиција, до несреќата дошло кога утринава, околу осум часот и 45 минути, два автомобили „Тојота“ и „Шевролет Калос“ со скопски регистарски таблички директно се судриле, а во несреќата со повреди се здобиле возачот на „тојота“-та и уште три лица кои се возеле во другото возило.
Полициските службеници се на терен и прават увид на местото на несреќата.
Во изминатото деноноќие на подрачјето на Скопје, полицијата евидентирала уште осум сообраќајки.
Од нив во четири причинета е само материјална штета, а во останатите четири несреќи со полесни повреди се здобиле еден возач на моторно возило, двајца пешаци и еден патник во автобус./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дете нападнато од врсници во Карпош, едниот снимал со телефон
Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, Ј.Ц.А. (45) од Скопје пријавила дека околу 14:45 часот на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавале, информираат од МВР.
Според пријавата, едниот од напаѓачите го снимал настанот со мобилен телефон.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Приведен 15-годишен кумановец поради кражба на автомобил и приватни имоти
На 23 февруари 2026 година во 11:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 15-годишник од Куманово, информираат од МВР.
Според полицијата, тој одзел паркирано патничко моторно возило „форд ескорт“, сопственост на Р.Ј. (25) од Куманово. Дополнително, се сомничи дека влегол во два приватни имоти и одзел повеќе предмети.
Малолетникот бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Фото: илустрација
Црна хроника
14-годишно дете возејќи автомобил во Дебреште удрило во бетонски столб, повреден е и неговиот малолетен сопатник
Синоќа во полицијата било пријавено дека во село Дебреште, општина Долнени, патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 14-годишен малолетник од селото, удрило во бетонски столб, соопшти МВР.
Во несреќата, 14-годишен сопатник од Дебреште се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот и 16-годишен сопатник се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп.
Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

