Црна хроника
Платен убиец од Албанија ги снимал убиствата
Платениот убиец од Албанија Јулиан Синанај (31), кој е уапсен од страна на полицијата и кој признал повеќе убиства, дел од убиствата ги снимал за да им потврди на оние кои го плаќале дека убиството е извршено.
Ова се наведува во истражните документи на албанските власти, пренесуваат медиумите во Албанија. Според извори на јавното обвинителство на Тирана на кои се повикуваат албанските медиуми, за време на претресот на неговиот стан во албанскиот главен град му биле пронајдени и снимки реализирани во моментот на убиствата на неговите жртви.
Убиецот, покрај веќе признатите две убиства кои биле нарачани, во средата признал уште четири други убиства извршени во Валона во помладите години.
Медиумите наведуваат дека до сега истрагата потврдила дека Синанај има извршено и над 20-сетина убиства во Грција каде бил подолг период, кога и бил обучуван за убиства од извесна Руска мафија која делувала во Грција.
Синанај е уапсен во Албанија поради подметнување на експлозии од кои има и две жртви. тој изјавил дека убиствата биле нарачани и признал дека е платен убиец. /крај/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетник тешко повреден во сообраќајка на патот Прилеп–Македонски Брод
Ноќеска во 02:00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Прилеп–Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила.
Според информациите, несреќата се случила меѓу „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.И. од село Дебреште, и „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Ш. од истото село.
По несреќата, 17-годишен сопатник од возилото „ауди“ бил пренесен во Градска општа болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Македонски Брод.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Пријавени тепачки во Шуто Оризари
Во СВР Скопје било пријавено дека на 24.02.2026 година на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија помеѓу двајца малолетници, повеќе лица физички нападнале еден од малолетниците.
Според пријавата, во инцидентот учествувале М.Х. (22), И.Х. (23) и Р.Х. (46).
Подоцна било пријавено и нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.З. (54) и Р.З. (36) од една страна, и М.Х. и И.Х. од друга страна, сите од Скопје.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Жена пријавила физички напад од вонбрачен партнер во Драчево
Дваесет и двегодишна жена пријавила во СВР Скопје дека била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер.
Според пријавата, на 27.02.2026 година околу 12:00 часот, во дом на подрачјето на Драчево, таа била нападната од С.С. (22) од Скопје. Случајот бил пријавен во полиција во 16:30 часот истиот ден.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

