Црна хроника
Сопственичка на туристичка агенција извлекла пари од банка со туѓи платежни картички
Сопственичката на туристичка агенција “НОА Травел“ Доо Скопје заработи кривична пријава за извршени неколку нелегални банкарски трансакции, при што се стекнала со парични средства во вкупен износ од 402.187 денари (или околу 6.500 евра).
Пријавената со намера да се стекне со противправна имотна корист, употребила податоци од вистински платежни картички од странски државјани, при што во мај 2012 година на продажно место од туристичката агенција „НОА Травел“ Доо Скопје, преку гласовна авторизација во две домашни банки извршила повеќе нелегални трансакции од кои 2 успешни, со што нелегално се стекнала со парични средства во вкупен износ од 402.187 денари (или околу 6.500 евра). Пријавената имала склучено договор со банките за реализација на трансакции без физичко присуство на платежна картичка, односно со гласовна авторизација, а со намена за резервација на хотелски престој и авио билети на туристи.
Имено, Б.М. по претходен договор со лице – странски државјанин, на е- маил адреса на нејзината туристичка агенција добила нелегално обезбедени податоци од вистински платежни картички на странски државјани, по што преку гласовна авторизација во двете домашни банки извршила нелегални трансакции на име на странскиот државјанин за „наводна резервација“ за хотелски престој и авио билети за престој на бизнис група од Велика Британија.
Од страна на странските банки издавачи на картичките е доставено известување до домашните банки, за злоупотреба на реализираните трансакции, по што истите ја известиле пријавената дека се работи за спорни трансакции. И покрај известувањето од банките дека станува збор за злоупотребени податоци од платежни картички, пријавената ги подигнала паричните средства од нелегалните трансакции.
Дел од нелегално стакнатите парични средстава пријавената ги задржала за себе по основ на „наводните резервации“, а дел од парите, по претходен договор со лицето-странски државјанин, преку банкарски трансфер ги префрлила на странска сметка за наводни резервации за авио билети. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.