Црна хроника
Скопјанец прободен во масовна тепачка во ноќен клуб
Едно лице е прободено со остар предмет во масовна тепачка што се случила во недела рано наутро во ноќниот клуб „Тао“ лоциран под Железничката станица.
Како што соопшти полицијата, во тепачката учествувале Д.Ј.(34) кој се здобил со убодна рана од остар предмет, В.К.(24), Х.Н.(21), А.Ѓ.(26), сите од Скопје од една страна и Б.Ш.(23) кој се здобил со расекотина на главата од удар со шише и Д.Т.(28), двајцата од Скопје од друга страна.
Лицата се приведени, по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
По породувањето, си заминалала без бебето: 24-годишна жена од Велес под истрага
Полицијата во Велес поднесе кривична пријава против 24-годишна девојка од овој град поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Според информациите од полицијата, на 1 февруари 2026 година, по породување во ЈЗУ Општа болница Велес, пријавената доброволно, со депониран потпис, го напуштила гинеколошкото одделение и притоа го оставила новороденото бебе.
Црна хроника
Суспендирана полицајка од Кочани: се сомничи дека насилно внела колешка во возило и не ѝ дозволила да излезе
МВР поднесе кривична пријава против припадничка на полицијата од Кочани, поради сомнение за кривично дело „противправно лишување од слобода“, предвидено по член 140 став 1 од Кривичниот законик.
Пријавената Ј.Н., вработена во Полициско одделение за безбедност на патниот сообраќај во Кочани при СВР Штип, на 13 септември 2025 година, на место викано „Суитлак“ во Штип, се сретнала со женско лице – полицаец-приправник, исто така вработена во МВР, по што, според податоците на Одделот: „Насилно ја внела во возило ‘бмв’ со кое дошла на локацијата, ја удирала по телото и не ѝ дозволила да излезе, одземајќи ѝ ја слободата на движење.“
Со сторените дејствија, според внатрешната контрола, постои основано сомнение дека Ј.Н. го сторила горенаведеното кривично дело.
Дополнително, Одделот ќе поднесе и предлог за поведување дисциплинска постапка против пријавената, а како задолжителна мерка ќе изрече суспензија од работното место до завршување на постапката.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

