Црна хроника
Македонци фатени со 14 мигранти од Еритреја, Сирија и Авганистан
Полицијата спречи криумчарење на 14 мигранти од Еритреја, Сирија и Авганистан во два одвоени случаи во Гевгелија.
Во саботата околу 21 часот полицијата запрела автомобил „нисан“ со бугарски таблички сопственост на бугарска фирма од Петрич на граничниот премин Богородица. Во автмобилот биле затекнати пет мигранти од Еритреја. По извршениот разговор, полицијата добила сознание дека Д.Д. (33) од Неготино, по претходен договор со Т.В.Џ. (34) за сума од 100 евра ги презел мигрантите на стариот пат за село Богородица за влез во Гевгелија. И двајцата сторители се во притвор, а против нив е поднесена кривична пријава за „криумчарење мигранти“, а мигрантите се сместени во прифатен центар за странци во Скопје.
Покрај овој случај Oдделението за прекуграничен криминал и миграции поднесе кривична пријава и против лицата А.Б. (23) од село Здуње, гостиварско, Е.А. (22) од село Врбјани, мавровско, Е.Б. (20) од село Балин Дол гостиварско и Н.А. (21) од село Врбјани, мавровско, поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело „криумчарење мигранти“.
Имено, на ден 14 овој месец околу 23.00 часот кај Казино Сенатор во близина на локалниот пат Гевгелија-Богородица пријавените по претходен договор со две возила „опел омега“ и „фолксваген кеди“ двете со госитварски регистарски таблички управувани од Е.А. и Н.А. заминале до Гевгелија, каде што прво и второпријавениот прифатиле, а потоа во возило „опел омега“ превезувал двајца мигранти, сириски државјани, а пак Н.А. и Е.Б. во второто возило прифатиле и превезувале девет мигранти од кои петмина државјани на Сирија а четворица државјани на Авганистан., кои што ги оставил на регионалниот пат Гевгелија-Богданци кај месноста „Краварски пат“, претходно избегнувајќи полициска контола на „Раскрсница Богородица“, каде што полициски службеници го сопреле првото возило („опел омега“)
Прво и второпријавениот се лишени од слобода, додека Е.Б. е приведен наредниот ден (15.02.), а за четвртопријавениот Н.А. е распишан централен распис. Мигрантите се сместени во прифатен центар за странци во Скопје.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.