Црна хроника
Екс директорот на ЈП Водовод Куманово „изел“ и „испил“ 100.000 евра
Екс директорот на ЈП Водовод Куманово потрошил 100.000 евра, пари на претпријатието, за ручеци и седенки со пријателите во кафеани.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, вработените во ЈП Водовод Куманово го пријавиле нивниот директор В.Б (38) за незаконско и недомаќинско работење.
По пријавата, полицијата извршила увид во книговодствената евиденција на ЈП Водовод, при што е констатирано дека пријавениот во својство на директор на јавното претпријатие во периодот од 2010, 2011 и 2012 година во пет угостителски објекти од Куманово, на кои им било фактурирано за потрошена вода, геодезија и извршени проектантски услуги, не ги наплатувал побарувачките туку ги компензирал со ручеци и седенки со свои пријатели.
Исто така, и во еден угостителски објект кој не е корисник на градската водоводна мрежа и не е регистриран во ЈП Водовод Куманово како потрошувач на вода, В.Б. користел угостителски услуги на име на ЈП Водовод.
Со горенаведените дејствија пријавениот го задолжил претпријатието во вкупен износ од шест милиони денари или околу 100 000 евра.
Полицијата поднесе кривична пријава против екс директорот за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Инаку, СВР Куманово на пријавениот и предходно му има поднесувано кривични пријави за истото кривично дело. крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Повреден возач по судир на две товарни возила на автопатот Скопје-Тетово
СВР Тетово информира дека во 10:05 часот била пријавена сообраќајна незгода на автопатот Скопје-Тетово.
На околу 500 метри после клучка Желино се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „Ивеко” со скопски регистерски ознаки сопственост на „Македонија пат” управувано од Ј.С.(54) од с.Рогле, тетовско и товарно возило ,,Мерцедес” со скопски регистарски ознаки управувано од Н.С.(51) од Скопје.
– Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот Ј.С. констатирани во Клиничка болница Тетово, информира СВР Тетово.
Увид на лице место е извршен екипа од СВР Тетово.
Црна хроника
Се преврте камион кај Желино
Тешка сообраќајна незгода се случи пред малку на автопатот Скопје – Тетово. Според првичните информации, камион се превртел веднаш по наплатната рампа кај Желино, што предизвика значителен застој во сообраќајот.
Блокирани се првите две ленти, а возилата се пропуштаат само по третата лента.
Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ја прилагодат брзината на условите на патот, да држат соодветно растојание и да бидат исклучително внимателни додека поминуваат на овој потег додека трае увидот и расчистувањето на теренот.
Топ
Маж и жена, државјани на Македонија загинаа на автопатот Белград – Ниш
Двајца државјани на Македонија, маж и жена од албанско потекло, загинаа рано утринава во тешка сообраќајна несреќа што се случи на автопатот Белград – Ниш, кај клучката Умчари, пишува српски „Курир“.
Несреќата се случила кога патничко возило „сеат“, со германски регистарски таблички, излетало од патот. Според неофицијални информации, возачот изгубил контрола над возилото, удрил во заштитната ограда и сообраќаен знак, по што автомобилот завршил надвор од коловозот.
Надлежните органи продолжуваат со истрагата за целосно утврдување на околностите под кои се случила несреќата.

