Црна хроника
МВР го расчисти случајот на масовната тепачка на ученици во четвртокот
Во четвртокот, постапувајќи по пријава за нарушен ЈРМ од поголем обем на булеварот „3-та Македонска бригада” меѓу ученици од СУГС „Владо Тасевски” и ДСУ „Марија Кири Склодовска”, СВР Скопје превзема мерки и активности за расчистување на настанот.
При тоа, на лице место затекната е поголема група на ученици од двете училишта и од страна на ЕПОИ „Алфа” лишени од слобода се вкупно 16 малолетни лица кои се приведени во ПС Аеродром за давање исказ и утврдување на нивна можна инволвираност: С.Г. (17) и Б.З. (17) кои биле со видливи црвенила на лицето и образите, потоа Е.Ј. (17), Х.Ј. (17), С.И. (17), Т.М. (17), Ф.Ј. (16), Е.М. (17), Б.Ќ. (17), Е.М. (17), И.М. (16), Џ.В. (17), В.И. (17), И.И. (17), А.Ш. (17), Ј.Ј. (17), сите од Скопје.
Од страна на полициски службеници од Одделението за малолетничка деликвенција и семејно насилство извршени се службени разговори со приведените и утврдено е дека околу 13 часот малолетниците С.Г. Б.З. ученици од СУГС „Владо Тасевски” без повод и причина биле физички нападнати од страна на поголема група ученици од ДСУ „Марија Кири Склодовска”.
Притоа, оштетените заедно со други соученици кои биле во нивна близина, избегале кон училиштето со цел да се засолнат.
Исто така извршен е разговор со Б.Н. (16) и Д.Е. (17), ученици во СУГС „Владо Тасевски” кои како сведоци го потврдија настанот. Од страна на СВР- Скопје за превземените мерки и активности ќе биде поднесен соодветен поднесок./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.