Црна хроника
Шумочувари барале поткуп
Двајца вработени во Македонски шуми барале поткуп од две лица за да не им напишат пријави за сечење на нежигосувани дрва во село Парагуша.
Во саботата (15 март) откако двајца браќа влегле со натоварени нежигосани дрва на коњи во нивниот двор во село Пагаруша, биле забележани од страна на Н.Д. и И.К – вработени во Македонски шуми, подружница Шумско стопанство “Караџица” кои, за да не им напишат пријава и да им ги земат дрвата, побарале од браќата да им дадат 100 евра, односно на двајцата да им се даде по 50 евра. Оштетените им кажале дека моментално немаат и дека за нив тоа се многу пари. По ова Н.Д. во повеќе наврати телефонски му се заканувал на едниот брат дека ако не им ги даде парите, од нивна страна ќе му биде пишана соодветна пријава.
Поради тоа што заканите не прекинувале, едниот од браќата случајот го пријавил во полиција.
Следниот ден, откако Н.Д. телефонски побарал од оштетениот да се сретнат во населба Драчево за да му ги даде парите, се договориле истиот ден да се најдат со него и откако им биле дадени бараните пари, од страна полициски службеници од Единицата Алфи по примањето на поткупот, лицата биле лишени од слобода.
Полицијата поднесе кривична пријава против Н.Д.(50) и И.К.(51), двајцата од Скопје, заради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „примање поткуп”, а од страна на судија во претходна постапка на И.К. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, додека на Н.Д. му е одредена мерка домашен притвор во траење од 30 дена.
Двајцата пријавени се веќе познати на полицијата и тоа во периодот 2008/2011 година против И.К. се поднесени две кривични пријави за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување” од кои за една во 2009 година му е изречена условна осуда затвор, додека против Н.Д. во 2009 година е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување”. /крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.