Црна хроника
Две лица повредени во пукање и тепачка во Тетово
Две лица се тешко повредени во пукање и тепачка во два одвоени инциденти во Тетово во вторник, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Првиот инцидент се случил во вторник попладне на ул. „Тодор Циповски Мерџан” во деловен објект во кој со автомобил „ауди” дошле две непознати лица. Едното од нив влегло во објектот започнало расправија со Н.С.(59) од Тетово, по што со дрвен предмет го удрил во пределот на главата нанесувајќи му повреда. Н.С. е пренесен во Клиничка болница Тетово каде му е констатирана фрактура на носна коска и истиот е задржан за понатамошно лекување.
Подоцна во текот на денот, околу 21,20 часот на ул. „Видое Смилесвки Бато” додека Т.Р.(44) и неговиот брат се движеле со патничко возило „ауди” со тетовски регистарски ознаки, биле пресретнати од патничко возило „ауди” со скопски регистерски таблички, управувано од непознато лице кое им го попречило движењето. По ова, Т.Р. излегол од возилото со намера да види зошто е сопрен, а потоа од другото возило излегол човек пиштол во рака, по што испукал два куршуми во асфалтната површина и избегал. Од испуканите проектили Т.Р. се здобил со прострелна рана во пределот на десната потколеница, по што е пренесен во Клинички центар Тетово каде е задржан на лекување.
Полицијата извршила увид и презема мерки за откривање на сторителите.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.