Црна хроника
Земал капар од 2.200 евра за туѓ имот
Скопјанец зел капар од 2.200 евра за туѓо земјиште во Визбегово, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Четириесет ипетгодишниот Р.П. на лице од Скопје му понудил на продажба земјиште во село Визбегово, прикажувајќи му оригинален Имотен лист на име на сопственичката на земјиштето, а воедно лажно претставувајќи се како нејзин син кој наводно е ополномоштен да изврши продажба на недвижноста.
Оштетениот на Р.П. му исплатил капар од 2.200 евра при што потпишале изјава на нотар и се договориле наредниот ден да се сретнат и Р.П. да го донесе полномошното за да го склучат договорот. Но, при обидите на оштетениот да го добие на телефонските броеви кои претходно му биле дадени за контакт, Р.П. повеќе не се јавувал.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Р.П. поради постоење на основано сомнение дека сторил кривичнo делo „измама”.
Пријавениот е веќе познат на полицијата и против него се поднесени седум кривични пријави, за сторени седум кривични дела од имотните деликти, за кои од надлежен суд му се изречени шест казни затвор од кои една е условна осуда.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.