Црна хроника
Ограбена поштата во Арачиново
Пари, поштенски, марки, коверти и уплатници се украдени викендов од подружница на Македонска Пошта АД Скопје во скопското село Арачиново, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Непознат сторител со употреба на погоден предмет ги исекол решетките на прозорецот на поштата во Арачиново, влегол внатре и украл каса во која имало 17.500 денари, еден жиг со логото на поштата, поштенски марки, коверти, уплатници со вредност од околу 33.000 денари.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Гостиварец нападнал малолетник во училиштен двор, поднесена кривична пријава
Надворешната канцеларија за криминалистички работи во Гостивар поднесе кривична пријава против 43-годишниот Л.Џ. од градот, поради постоење сомнежи за „насилство врз дете“.
Според податоците од истрагата, инцидентот се случил на 25 декември 2025 година, во двор од основно училиште во гостиварско, по претходно нарушување на јавниот ред и мир помеѓу малолетници, во кое учествувал синот на пријавениот.
По настанот, Л.Џ. физички нападнал друг малолетник, информираат од полицијата.
Црна хроника
По породувањето, си заминалала без бебето: 24-годишна жена од Велес под истрага
Полицијата во Велес поднесе кривична пријава против 24-годишна девојка од овој град поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Според информациите од полицијата, на 1 февруари 2026 година, по породување во ЈЗУ Општа болница Велес, пријавената доброволно, со депониран потпис, го напуштила гинеколошкото одделение и притоа го оставила новороденото бебе.

