Црна хроника
Запленети 140 кг дрога на Богородица, уапсени три лица
Вкупно 135.5 килограми марихуана и пет килограми хашиш заплени полицијата во понеделник во близина на граничниот премин Богородица и уапси тројца македонски државјани. Со акцијата е пресечен меѓународен канал за шверц на дрога од Албанија преку Македонија во Грција, информираше во вторник министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.
Вчера, во 3,15 часот, по претходно поставена заседа од страна на полициски службеници, во зелениот појас на граничната линија со Грција, во близина на ГП Богородица уапсени се Ѓ.П. (47) и Г.Г. (49), двајцата од село Стојаково, Гевгелија, а кај нив биле пронајдени пет патни торби во кои имало 136 пакувања со марихуана и две пакувања со хашиш, односно 135.5 килограми марихуана и пет килограми хашиш.
Јанкулоска информираше дека запленетата дрога потекнува од Албанија и истата преку Македонија требало да биде пренесена во Грција од каде што би се транспортирала во земјите од западна Европа каде би достигнала вредност од околу 500.000 евра.
При апсењето, уште пет други лица избегале и по нив полицијата се уште трага.
По пребарување на поширокиот реон на местото на настанот од страна на полициската патрола пронајдено е едно патничко моторно возило со бугарски регистарски таблички кое било користено за транспорт на дрогата од страна на лицата кои се лишени од слобода. По извршени проверки е утврдено дека таблиците се од друго возило, додека пронајденото возило е во сопственост на лицето Ф.Д. (40) од село Калишта, Струга кој исто така е уапсен.
Против тројцата уапсени полицијата поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”, за што од страна на судија им е одредена мерка притвор во траење од по 30 дена.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.