Црна хроника
Притворен крадец на чанти и ланчиња од жени низ Скопје
Осумдневен притвор и кривична пријава заработи дваесет идвегодишен скопјанец кој крадел чанти и ланчиња од жени во повеќе скопски населби, соопшти Министерството за внатрешни работи.
М.Ѓ. извршил три кражби на подрачјето на Карпош, Кисела Вода и Центар и тоа две на почетокот на месецов и една минатиот месец. Тој ги извршувал кривичните дела на идентичен начин, насилно со употреба на физичка сила им ги одземал ланчињата и чантите на жените.
Првото кривично дело го извршил на 21-ви минатиот месец, околу 18,20 часот, на бул. „Франклин Рузвелт” пред зграда бр.46, на тој начин што откако и се доближил на оштетената Р.Ч. од зад грб, почнал да ја влече за рацете и да и ја одземал торбата во која имало маица, фустан, паричник во кој имало 300 евра , 8.000 денари, дебитни картици трансакциона картичка од Комерцијална банка и лична карта со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 30.000 денари, по што избегал во правец на бул. „Партизански Одреди”.
Втората кражба ја извршил на први овој месец околу 19,30 часот, на ул. „Виктор Иго” во близина на стара „Рампа” во Кисела Вода пред продавница “Да-ми”, на тој начин што откако оштетената Н.К. му се доближила пред продавницата пријавениот зборувајќи на мобилен телефон, во еден момент ја прашал нешто за да и сврти внимание, по што откако истата му одговорила, пријавениот насилно со употреба на физичка сила од вратот и го одзел златното ланче со привезок по што избегал кон ул.„Невена Георгиева”. Ланчето било вредно околу 20.000 денари.
Третото кривично дело го извршил два дена подоцна, околу 17.45 часот, на бул.„Метрополит Теодосиј Гологанов” во близина на детската градинка „13-ти Ноември” на тој начин што откако и се доближил на оштетената И.Н., учтиво и се обратил односно ја прашал нешто оштетената, а во тој момент друго непознато машко лице кое било заедно со пријавениот, насилно со употреба на физичка сила и одземал две златни ланчиња на кои имало два привезока по што избегале во правец на ,,АМСМ”. Накитот бил вреден околу 45.000 денари.
На 4-ти овој месец, М.Ѓ. бил повикан во полициската станица Бит Пазар, каде што оштетените го препознале и против него е поднесена кривична пријава за сторени кривични дела „тешки кражби” и одредена му е мерка притвор од осум дена.
Инаку, според евиденциите на МВР, М.Ѓ. е познат сторител на кривични дела од имотни деликти и против истиот се поднесени три кривични пријави и во еден случај изречена му е мерка Засилен надзор од родител или посвоител.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

