Црна хроника
Кривични пријави против пет лица за злоупотреба на безвизниот режим
Министерството за внатрешни работи реализираше два одвоени случаи на злоупотреба на безвизниот режим во кои се откриени и кривично пријавени пет лица.
Во првиот случај, полицијата поднесе кривична пријава против четири лица од кои три од Кочани И.А. (41), Н.К (47) и Р.Џ. (49), како и Р.И. (35) од Скопје, поради сомнение за сторени кривични дела – „злоупотреба на безвизен режим со државите членки на Европската Унија и на Шенгенскиот Договор” и „организирање на група и поттикнување на извршување на делата од чл.418″.
Имено, 49 годишниот Р.Џ од Кочани бил ангажиран да обезбеди четири лица од подрачјето на Кочани и Пехчево, кои имале намера да заминат во Германија, како економски мигранти, по што осомничените за цена од 300 евра по лице, го организирале превозот. Лажните азиланти биле прифатени од страна на групата и транспортирани до село Долно Блаце, каде во организација на 35 годишниот Р.И. од Скопје, тројца биле илегално префрлени на косовска страна, додека еден економски мигрант, заедно со еден од осомничените, со возило легално ја преминале границата на ГП Блаце и на косовска страна ги прифатиле останатите три лица. Од таму го продолжиле патувањето, преку Косово, Србија и Унгарија кон Германија.
Во вториот случај, Регионалниот Центар за Гранични работи „Запад” поднесе кривична пријава против 56 годишниот Н.А. од Битола и едно засега непознато лице за сторено кривично дело – „злоупотреба на безвизниот режим со државите членки на Европската унија и шенгенскиот договор”. Пријавениот за износ од 1.850 евра организирал превоз на шест лица од ромска националност од Битола, по што непознатото лице во близина на ГП „Стење” илегално ги пренел во Албанија, каде требало да дојде пријавениот и да продолжат заедно до Германија. Откако тој не се појавил на договореното место лицата-азиланти на влез на ГП Стење на албанско-македонската граница го пријавиле настанот, при што е утврдено дека истите не се евидентирани во системот за излез од РМ.
Освен овие, во првите три месеци од 2014 година регистрирано е едно дело „злоупотреба на безвизен режим со државите членки на Европската Унија и Шенгенскиот договор” за кое се пријавени тројца сторители, додека во текот на 2013 година регистрирани се 13 кривични дела „злоупотреба на безвизен режим со државите членки на Европската Унија и Шенгенскиот договор” а пријавени се 19 сторители.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

