Црна хроника
Запален автомобилот на поранешниот претседател на Основниот суд Велес
Во понеделникот рано изутрина беше опожарен автомобилот во сопственост на семејството на Јордан Лазаров, поранешен претседател на Основниот суд во Велес. Како и вообичаено, вели Јорданов автомобилот марка „форд фиеста” бил паркиран пред семејната куќа.
Дека гори автомобилот прв забележал синот на Лазаров.
„Слушнал силна експлозија и кога погледнал низ прозорецот забележал дека автомобилот гори. Веднаш се симнавме доле и почнавме да го гасиме, напомош дојдоа и соседите. Пријавивме во полиција и пожарната”, рече Јордан Лазаров.
Полицијата преку соопштение се огласи во јавноста. Работеле на пронаоѓање на сторителот или сторителите, кои најнапред го скршил (или скршиле ) малото задно странично стакло, и на седиштето го оставил (или оставиле) пластичното шише со бензин.
Пламените јазици брзо се прошириле и од високата температура пукнала задната шофершајбна. Среќа во несреќа е што огнот брзо е изгаснат и не дошло до експлозија на плинскиот уред инсталиран во автомобилот, вели Лазаров кој открива дека повеќе не се чувствува безбедно.
„Закани досега сум немал, не ни помислував дека може вакво нешто да се случи, се плашам за безбедноста на моето семејство но и за имотот”, рече Лазаров.
Јордан Лазаров, како пензионер ги поминува првите триесетина дена. Во својот работен век во два мандати беше претседател на Основниот суд. Во тоа време во судот се решаваа големи предмети но беа и разрешувани, апсени и осудувани судии.
Лазаров верува дека казната ќе го стаса сторителот или сторителите, а полицијата што поскоро ќе го расветли случајот за да не остане неодговорено прашањето зошто гореше автомобилот на екс претседателот на Основниот суд во Велес./крај/мф/дк
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.