Црна хроника
Откриени 12 Албанци кои нелегално престојувале и работеле во Македонија
Дванаесет државјани на Албанија се откриени во Гостивар и Србиново во акција што полицијата ја спроведе во среда изутрина, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Гостиварската полиција денеска, во периодот од 5 до 9 часот спроведе акциска контрола за откривање странски државјани кои непријавено престојуваат и работат во Македонија.
Во акцијата, реализирана во Гостивар и Србиново, информира МВР, затекнати се вкупно 12 државјани од Албанија, кои непријавено престојувале или илегално влегле во нашата земја.
По приведувањето, тие се предадени за натамошна постапка во гостиварскиот Отсек за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кучиња скитници искасале две лица во Скопје
Ноќеска во 22.30 часот во Полициската станица Гази Баба, Н.Ќ.(19) од Скопје пријавила дека на ул.„Никола Киров -Мајски“ во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден во 10.30 часот во Полициската станица Карпош, Т.Д.(72) од Скопје пријавил дека на ул.„Лондонска“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
20-годишник тешко повреден: со возилото излетал од патот
Во Полициската станица Радовиш вчера во 12.30 часот било пријавено дека на магистралниот пат Радовиш – Струмица, кај с.Калуѓерица, патничко возило „фолксваген голф“ со кочански регистарски ознаки, управувано од С.М.(20) од с.Оризари, кочанско, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Радовиш.
Црна хроника
Прегазена жена во Охрид
Вчера во 18.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„Јане Сандански“ во Охрид, патничко возило „пежо 407“ со охридски регистарски ознаки, управувано од З.А.(52), удрило во Ц.П.(74), двајцата од Охрид.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ц.П., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.