Црна хроника
Страотна сообраќајна несреќа го потресе Велес, еден загинат
Страшна сообраќајна несреќа се случи во петок рано изутрина во Велес. Дирекно се судрија автомобил „бмв” и „сеат ибица”. Од здобиените повреди на лице место животот го загуби 51-годишниот возач на „ибицата”.
„Другиот како пациент е донесен кај нас во утринските часови без телесни повреди и препратен на домашно лекување”, рече Силвана Мишкова, портпарол на Општа болница Велес, јави порталот Лисица.
Според првичните информации БМВ-то управувано од дваесет и едно годишен велешаниец доаѓало од улицата „Благој Ѓорев”, додека ибицата се движела по улицата „8 Септември”. Истрагата која ја направија полицијата и Јавен обвинител, ќе го даде одговорот која е причината за директниот удар.
Жителите од околните згради раскажуваат дека силен тресок ги пробудил. Несакаат јавно да говорат.
Она што неофицијално се донава е дека прв за помош притрчал чуварот во поштата. По кратко време стигнале и неколку станари. Потоа дошла полицијата и екипа на против пожарната служба, со чија помош било извадено безживотното тело на возачот на „ибицата”.
Поради несреќата неколку часа сообраќајот во центарот на градот беше затворен Од полицијата најавија дека првичните информации за несреќата ќе ги соопштат преку соопштение во текот на денешниот ден. /крај/лсц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

