Црна хроника
Момче загина во сообраќајна несреќа на патот Куманово-Крива Паланка

Дваесет итригодишно момче загина во сообраќајна несреќа што се случила во четврток попладне на патот Куманово-Крива Паланка, кај селото Старо Нагоричане.
До несреќата дошло кога М.С. (28), кој управувал со автомобил ‘голф’ со кумановски регистерски таблички, изгубил контрола над возилото, излетал од патот и удрил во дрво.
Во несреќата животот го загубил сопатникот Д.П. од Старо Нагоричане, а возачот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен на Ургентен центар во Скопје.
Полицијата изврши увид на местото на несреќата.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.